дома Спорт ШАМПИОНЕ, ШАМПИОНЕ: Ечи стадионот Шукру Сарачоглу во Истанбул – фудбалерите објавија победничко...

ШАМПИОНЕ, ШАМПИОНЕ: Ечи стадионот Шукру Сарачоглу во Истанбул – фудбалерите објавија победничко видео од соблекувалната!

Фудбалерите на Вардар за прв пат во македонската историја се пласираа во Лига Европа  откако по втор пат го победија турскиот гигант, Фенербахче.

Стрелци за Вардар беа Џигаури и Глигоров откако претходно Фенербахче поведе во 61 минута со голот на Роман Нојштадер.

Победничкото славје на вардарци не застана на тревникот, па во соблекувалната се пееше „ШАМПИОНЕ, ШАМПИОНЕЕЕ“.