дома Социјални Мрежи Шарените се каат: „Учеството во шарената peволуција ми беше најголемата гpeшка во...

Шарените се каат: „Учеството во шарената peволуција ми беше најголемата гpeшка во животот“

Голем дел од учесниците во таканаречената Шарена револуција, можеби со задоцнување, ја увидоа својата грешка. Иако предоцна, многумина од нив сфатија дека биле во заблуда и дека место правда и мир, го донесоа токму спротивното.


Донесоа неправди, рушење на демократски вредности, криминал, корупција, сиромаштија.

Дел од нив, и јавно се покајаа и побараа прошка од македонската јавност. 


Еден од нив е и Филип Достевски кој јавно, преку социјалните медиуми, се извини и побара прошка од целата јавност за, како што вели, најголемата грешка во неговиот живот, Шарената револуција. 

„Како и секој човек така исто и ја имам направено многу грешки у животот. Сепак мислам дека најголемата грешка ми беше учеството на онаа револуција намазана со триста бои онаа шарената де. Ја користам оваа прилика да се извинам јавно на целата македонска јавност. Господ на помош да ми е“, напиша Достевски.