дома Македонија Шар Планина и официјално прогласена за национален парк

Шар Планина и официјално прогласена за национален парк

Шар Планина и официјално стана национален парк. Денеска во Собранието 66 пратеници го изгласаа законот за дел од планината да се прогласи за национален парк.

Шар Планина е четвртиот национален парк во земјава, после Маврово, Пелистер и Галичица, а прв по осамостојувањето на државава. Со ова се отвора можноста за организирана заштита на над 60 илјади хектари во чии рамки влегуваат и 30 села. Веќе неколку децении планината се соочува се дефорестација, нелегален лов и градежна експанзија. Во однос на изградбата на проточните хидроцентрали, оние коишто се веќе изградени ќе продолжат да работат, а државата најави дека ќе проба да се спогоди со фирмите кои веќе почнале постапка за да добијат дозвола за истата намена, за евентуално да се откажат од намерата.