дома Локално ШАТОРИ ПРЕД МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛА: Група Роми бараат Царовска да...

ШАТОРИ ПРЕД МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛА: Група Роми бараат Царовска да им најде засолниште откако им изгорела куќата

Група Роми бездомници денеска се сместија пред Министерството за труд и социјална политика за да бараат од министерката Мила Царовска да им најде засолниште. Пред некое време ним им изгорела куќата, а министерството привремено им нудел да се сместат во Чичино Село, Скопје.

Тие одбиваат да одат таму, бидејќи како што велат, тие се непосакувани за тамошните жители и се злоставувани од нив. Од Министерството велат дека засега нема друга опција.