дома Македонија Шахпаска им порача на мајките да се вратат на работа ако сакат...

Шахпаска им порача на мајките да се вратат на работа ако сакат да си ги заштитат работните места

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во интервјуто за порталот МКД.мк вели дека не знае колкав е бројот на мајките што користат породилно отсуство и утре треба да се појават на работните места, пишува Во Центар

Бројката на родители што користат продолжено породилно болeдување е променлива бројка од месец до месец. Ние калкулираме со некои бројки што ги добиваме од други институции и не сакам да шпекулирам со бројки зашто таа бројка ја има друга институција, вели Шахпаска.

Во интервјуто таа објаснува:

Јас поминав низ тоа искуство, на осум месеци моите ќерки ги внесов во јасли заради тоа што мојата работа не трпеше одлагање, работев како лeкар во Итна мeдицинска помош и мораше да се вклучам во сменската работа во старт. Сакам да ги поттикнам родителите, мајките пред сѐ, да размислуваат дека треба да се вратат на работа, на овој начин со враќањето на своите работни места тие го штитат и своето работно место. Ние цело време говориме за родова еднаквост, цело време говориме за рамноправно учество на жените на пазарот на трудот, вели таа.

Мислам дека и за нив е подобро ден поскоро да се вратат на своите работни места и да се реализираат во она што е нивна професија, смета Шахпанска.

Госпоѓо министерке имаме две прашања до вас:

Прво, како може како ресорен министер да не знаете на колку мајки утре им прeкинува породилното и колку од тие мајки утре ќе ги однесат нивните деца во градинка?

Второ, кога вашите ќерки сте ги однеле во јасли на осум месеци тогаш имаше или немаше светска пандемија со корона виpус?

Поентата не е дали сте вие супер мајка и супер жена, а другите мајки треба да го следат вашиот пример, туку е поентата да направите услови системот да функционира, а вие не знаете ни колку жени се на породилно.