дома Македонија Шахпаска им порача на родителите дека ќе може да купат компјутери на...

Шахпаска им порача на родителите дека ќе може да купат компјутери на „Викенд без ДДВ“

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска им порача на родителите на ученици од основно и средно образование дека имаат прилика да ги купат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн-настава за време на продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври И дека токму купувањето во рамки на проектот „Викенд без ДДВ“ е можност за тоа.

За време на „Викенд без ДДВ“ ќе може да се потрошат најмногу 30.000 денари во чии рамки може да влезе и таква опрема, а потоа на родителот ќе му се врати платениот данок, рече Шахпаска.