March 28, 2024, 10:30 pm

Шахпаска од Словенија: Македонија е прва земја во регионот што ја разви Младинската гаранција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања, на кој присуствуваа и министрите од земјите членки на Европската унија и од земјите од Западен Балкан, кој се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија.

На состанокот, на кој се дискутирало за младинските политики и за обезбедување на одржлива интеграција на младите лица на пазарот на трудот, присуствувал и еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит, кој најавил силна поддршка за имплементирање на Младинската гаранција во сите земји од Западен Балкан.

Министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности на Република Словенија Јанез Циглер Краљ, во своето обраќање оцени дека младите се погодени од кризата и затоа е од исклучително значење да се обезбеди поддршка и за младите од земјите членки на ЕУ, но и за младите во земјите на Западен Балкан.

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика на состанокот било нагласено дека Република Македонија, како прва и единствена земја од регионот на Западен Балкан, во 2018 година преземала „пионерски“ чекори во оваа насока, пилотирајќи ја Младинската гаранција, целосно заснована на моделот на ЕУ, по што од наредната 2019 година таа иницијатива се имплементирала низ територијата на целата држава.

-Во досегашната имплементација, на програмата Младинска гаранција во Република Северна Македонија, учество земаа околу 60.000 млади лица. Би сакала да истакнам дека од 2019 година, статистичките податоци поврзани со пазарот на трудот, покажуваат значајни и крупни подобрувања во однос на младите лица. Стапката на вработеност на младите се зголеми за 3,5 процентин поени во споредба со 2018 година. Стапката на младинска невработеност се намали од 37 на 30,5 проценти, а стапката на NEETs (млади кои не се вработени, ниту се во вклучени во образование или обука) исто така бележи значително намалување за 5,3 процентни поени, од 29 на 24,5 проценти, истакнала министерката Шахпаска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This