Шахпаска: Трговските центри во недела ќе работат само од 10 до 18 часот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подготовката на законското решение за недела-неработен ден е предмет на долга дебата со сите чинители засегнати од овој закон, истакна вечерва министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Во Законот за работни односи, посочи таа, таксативно се наведени кои ќе бидат исклучоците од ова решение, тоа се 40 исклучоци и околу 30 проценти од сите регистрирани дејности.

Ниту во моловите нема да работат сите работници, тоа го регулира Министерството за економија со Законот за трговија. Во моловите ќе работат само една смена од 10 до 18 часот, а два отсто од целиот промет кој ќе го направат во недела во текот на целата година ќе бидат наменет за изградба на нови градинки. Вработените што ќе работат во недела ќе добиваат 100 процентен надомест дополнителен на основната дневница, рече Шахпаска во гостувањето во „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Нагласи дека контролата на почитувањето на ова законско решение ќе го врши Државниот инспекторат за труд, УЈП и пазарниот инспекторат, а секој кој ќе работи во недела треба да го пријави работењето во надлежните институции.

Таа се осврна и на реализацијата на капиталните инвестиции.

Министерството за труд и социјална политика има реализација од 24 отсто од капиталните инвестиции, и тоа само во првиот квартал, тоа е многу повеќе од процентот кој беше предвиден како минимум, односно 15 отсто, рече Шахпаска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This