дома Актуелно Швајнштајгер со честитки за Македонија: „Овие момци си ја заслужија победата“

Швајнштајгер со честитки за Македонија: „Овие момци си ја заслужија победата“

Легендата на германскиот фудбал Бастијан Швајнштајгер утринава изрази честитки за победата на Македонија над репрезентацијата на Германија, коментирајќи го текот на натпреварот како исполнет со несреќни пречки за македонската репрезентација која успеа да ги надмине и да постигне досега незабележан успех.

Мојата почит за Македонија, несреќен пенал против нив, чист пенал за нив не беше досуден а сепак овие момци ја однесоа нивната победа против четворократен светски шампион. Честитки. – напиша Швајнштајгер на Твитер.

Македонија вчера предизвика вистинска сензација помеѓу светската фудбалска јавност со сензационалната победа во Дуизбург против репрезентацијата на Германија.