Швајцарија се повлече од договорот со Европска Унија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Швајцарската влада донесе одлука да се повлече од договорот со Европската унија поради силното противење на земјата на овој акт, со кој би се поедноставиле и зајакнале врските со најголемиот трговски партнер во Швајцарија.

Владата заклучи дека сè уште има значителни разлики помеѓу Швајцарија и ЕУ во однос на клучните аспекти на договорот, објави Ројтерс.

„Условите за потпишување на договорот не се исполнети“, рече владата по седницата на која се разговараше за планот за понатамошни чекори за долг ќор-сокак со Брисел.
„Федералниот совет (владата) донесе одлука денес да не го потпише договорот и ја извести ЕУ за таа одлука. Со ова завршуваат преговорите за нацртот Инста (договор)“, се наведува во соопштението.

На самитот минатиот месец, двете страни не успеаја да ги решат разликите околу договорот, кој се фокусира на пет области: слободно движење на луѓе, цивилно воздухопловство, копнен транспорт, меѓусебно признавање на индустриските стандарди и преработена земјоделска стока.

Швајцарија инсистираше на поголеми отстапки поврзани со прашањата на државната помош, регулативите за работни односи и правата на граѓаните.
Оддалечувањето од најголемиот трговски партнер може да го наруши и загрози членството на Швајцарија на заедничкиот европски пазар, проценува британската агенција, пренесе Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This