дома Европа Шведска ја тргна Македонија од листата на земји со висок pизиk

Шведска ја тргна Македонија од листата на земји со висок pизиk

Шведска денеска ги укина ограничувањата за патниците од Македонија, кои можат официјално да влезат во земјата со негативен тест, како и потврда за вакцинација или доказ дека имаат прележано коронавирус.

Од 24 јуни ќе биде укината забраната за патување за Србија, Албанија, Либан, Македонија, САД, Макао, Хонг Конг и Тајван, соопшти шведската влада.

На патниците им се препорачува секогаш да се консултираат со амбасадата и да бидат целосно информирани за правилата што се применуваат за земјата од каде доаѓаат.

Шведска признава негативен антигенски тест или ПЦР, сертификат за вакцинација или доказ за прележан коронавирус за влез во земјата.