дома Македонија ШЕКЕРИНСКА ПОБАРА, НИЕ ИСПОЛНУВАМЕ: Војската оставена без пари, Шекеринска тврди дека се...

ШЕКЕРИНСКА ПОБАРА, НИЕ ИСПОЛНУВАМЕ: Војската оставена без пари, Шекеринска тврди дека се е исплатено

Бидејки министерката за одбрана Радмила Шекеринска се почувствувала запоставена, а нејзините наводни реформми во МО не биле објавени на Инфомакс.мк, еве ќе и ја исполниме желбата

„Сметам дека информациите кои ги пласирате се дел од валканата кампања против стратешките интереси, а ниту еден припадник на Армијата ниту на Министерството за Одбрана, нема проблем со исплата на плати и би ценела, доколку некогаш и тие информации бидат објавени на вашиот портал“ – рече министерката Шекеринска, заборавајки дека и Независниот Синдикат на платени војници имаше прес конференција неколку часа пред да нѐ обвини дека сме лажеле.

Имено, на пресот на Независниот Синдикат на платени војници се истакна следното:

„Нас ни се случува да ни се укинуваат автобуси и луѓето се снаоѓаат самите, се покрива дел од трошокот, ама кај луѓето не може да стигне тој трошок кој сами го издвојуваат, па да чекаат со месеци да им се врати, значи уште една разочарувачка работа. Имаме состојба каде што за некои работи кои што некако исчезнаа, кои што ги добиваа војниците, збориме за надоместоци во храна, исхрана и други работи“ – кажа претседателот на синдикатот Веле Крбалески.

Па по барање на Министерката која ќе цени информација објавена од министерството со кое раководи ги пуштаме интегрално изјавите и од Министерката и од Синдикатот.

Подготвил

Борислав Стоилковиќ