дома Македонија Шекеринска: “Ce нepвиpaм кoгa глeдaм дeкa нeмa пpecyдa зa глaвнитe opгaнизaтopи нa...

Шекеринска: “Ce нepвиpaм кoгa глeдaм дeкa нeмa пpecyдa зa глaвнитe opгaнизaтopи нa 27-ми aпpил”

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вечерва на ТВ 21 изјави дека не може да поверува поради тоа што се уште нема пресуда за главните организатори за насилството на 27 април.

-И кога гледам дека  уште нема пресуда за главните организатори се нервирам. Која е казната, не само на оние кои влегоа во парламентот за да не убијат, туку за оние кои ги убедиле, ги организирале и им преставиле дека насилството е легитимно – рече Шекеринска.

Таа истакна дека сегашниот лидер на ДПМНЕ Христијан Мицкоски не може или не сака да излезе од сенката на неговиот претходник Никола Груевски.

-Гласавме за претседателот на ДИК (Даштевски), и знам дека на пратениците им се враќаа рацете кога гласаа. Но ние мораме да покажеме дека сме поразлични од нив и дека го почитуваме законот. И на тој тест ВМРО-ДПМНЕ покажа дека ништо не се смени. Сега Груевски да се пресели и да е сокриен во зградата, истото ќе се случува – истакна Шекеринска.