- Advertisement -
Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на социјалната мрежа Фејсбук објави дека се ревакцинирала во масовниот пункт за вакцинаци во арената „Борис Трајковски“.
– Со секоја вакцинација му затвораме на вирусот уште една врата во лавиринтот на пандемијата. Денес ја примив и втората доза. Вакцинирајте се!, пишува Шекеринска.
Покрај неа, утрово втората доза од вакцината Синофарм ја прими и министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски.
Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.