дома Занимливости ШЕКИЛ О’НИЛ ИЛИ ДИ-ЏЕЈ ДИЗЕЛ: Поранешната НБА ѕвезда пушташе музика на Зрче...

ШЕКИЛ О’НИЛ ИЛИ ДИ-ЏЕЈ ДИЗЕЛ: Поранешната НБА ѕвезда пушташе музика на Зрче во Хрватска и на Тумороуленд

Поранешниот НБА кошаркар, а воедно и кошаркарска легенда, Шекил О’Нил, од секогаш бил голем фан на музиката и играњето.

О’Нил од секогаш беше познат по неговите специфични „денс“ перформанси на теренот и надвор од него, а од неодамна тоj пофесионално почна да се занимава со диџејство. Неговото уметничкото име е Ди-џеј Дизел, а неодамна настапи на плажата Зрче во Хрватска, во рамки на фестивалот Пау-Уау и повторно докажа дека е мултиталент.

Тој веќе има сериозна агенада а наскоро ќе настапи на Хард Самер Фестивалот во Лос Анџелес, Електрик Зу во Њујорк, како и на Лолапалуз во Чикаго. Во Хрватска дојде од Белгија каде што беше дел од Тумороуленд.