дома Здравје ШЕСТМИНА ВРАБОТЕНИ НА КЛИНИКА ЗAPAЗEHИ СО МOPБИЛИ: Kpизата со морбилите излегува од...

ШЕСТМИНА ВРАБОТЕНИ НА КЛИНИКА ЗAPAЗEHИ СО МOPБИЛИ: Kpизата со морбилите излегува од контрола!

На домашно лекување се четворица специјализанти, медицинска сестра и шалтерски работник од Клиниката за детски болести, бидејќи се заразиле со мали сипаници, дознава „Сакам да кажам“.

Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, вели дека овие случаи се откриени пред неколку дена и дека заболените се со полесна клиничка слика, поради што се пуштени на домашно лекување.

-Нема ништо чудно што се заразиле со морбили. Сите што се невакцинирани или непотполно вакцинирани постои можност да се разболат, а меѓу нив и здравствените работници. Затоа, апелирам да се вакцинираат сите што се невакцинирани или непотполно вакцинирани, не само децата, туку и возрасните. Епидемијата трае и можно е ширење на болеста, затоа вакцинацијата е најдобрата превенција, вели д-р Караџовски.

Целиот текст на „Сакам да кажам“.