дома Македонија ШЕСТ АВТОБУСИ ВО ЕДЕН ДЕН: Heвиден егзодyc на младите од Македонија

ШЕСТ АВТОБУСИ ВО ЕДЕН ДЕН: Heвиден егзодyc на младите од Македонија

Весникот Лајм објави видео на кое се гледат автобуси кои се полни со луѓе за кои весникот тврди дека тоа се млади лица претежно од Сарај и Тетово кои го фатиле патот за во туѓина.

– Видео од Сарај, си оди младината, шест полни автобуси со нашата младина. Тага и солзи во нивните лица, пишува Лајм, кој воедно го цитира и насловот на објавеното видео.

Ова уште еднаш докажува дека младите секојдневно ја напуштаат земјата и одат во правец на Германија, Италија и другите европски земји.
Ова видео е од Сарај каде што автобусите се полнат од Тетово и го продолжуваат своето патување за на курбет, болно, но вистинито.