Шест кандидати во трка за градоначалник на Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На локалните избори кои се закажани за 17 октомври, во битката за градоначалничката фотелја ќе се тркаат шест битолчани, а за советници се предложени 14 советнички листи.

До општинската изборна комисија пријавени се кандидатурите на:

-Зоран Лазаревски-Паљо предложен од група избирачи,

-Христо Кондовски предложен од СДСМ и коалицијата,

-Тони Коњановски предложен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата,

-Јорго Огненовски од партијата Демократи,

-Горан Тасковски од партијата Македонска ера трета и

-Горан Милевски предложен од коалицијата на ЛДП и ДОМ – “Движење одлучно за промени”.

Во Општинската изборна комисија Битола за членови на новиот состав на Советот на Општина Битола каде има 31 мандат, пријавени се 14 кандидатски листи на политички партии и листи поддржани од група избирачи.

Листи со кандидати за советници во Советот на Општина Битола ноќеска до полноќ доставиле и политичките партии ДУИ, Алијанса на Албанците/Алтернатива, Левица, Македонска ера трета, Демократи, Единствена Македонија, Интегра, ТМРО, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ и коалицијата и коалицијата на политичките партии ЛДП и ДОМ, и советничките листи предводени од Габриела Илиевска, Ремзи Медик, Ристенка Алтипармаковска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This