ШЕСТ ТРИКОВИ ЗА ДА ОСТАНЕТЕ ЗДРАВИ НА РАБОТА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку вашата работа не вклучува многу физичка активност, тешко дека ќе го зачувате здравјето и тоа да не влијае на вашиот имунитет.

Проблемот станува уште поголем ако работите на компјутер, бидејќи сте приморани да седите со часови во иста положба и да гледате во монитор. Меѓутоа, постојат едноставни начини со чија помош може да останете здрави во текот на работното време.

Правете мали паузи

Ако сте приморани да седите со часови , задолжително правете мали паузи за да се размрдате.Можете да прошетате до тоалет или кафетерија.

Пазете што и колку јадете

Лошото кога јадете на работа е токму тоа што не сте свесни колку и што јадете. Тоа може да влијае не само на вашата килажа туку и на вашето здравје. Доколку навистина Ви се јаде нешто , потрудете се тоа да биде зеленчук.

Пијте многу вода

Секогаш е важно да внесувате многу течност. Кога сте во состојба на мирување и седите, мислите дека не сте  жедни. Меѓутоа, на вашето тело секогаш му е потребно вода.

Правете мали вежби

И во кнцеларија можете да вежбате истегнување, со што ќе се опуштите и малку ќе се раздрмате.

Намалете го внесувањето на кафето

Повеќето луѓе  кои  долго време поминуваат на работа, не можат без кафе. бидејжи им ја дава потребната енергија и ги расонува. Но, доколку сакате да останете здрави на работа, намалете го внесувањето на кафе.

Одморите се од мониторот

Вашите очи се одраз на вашето здравје. Правите кратки паузи, за да ги одморите очите.Немојте да ги триете, туку наквасете ги малку со вода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This