Шефот на СЗО: Со третата доза нема да се стави крај на пандемијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека не треба да се негува илузијата дека третата доза е доволна за да се ослободи светот од пандемијата на ковид-19, пишува Гардијан.

Ниту една земја нема да може да излезе од кризата со пандемијата преку третата вакцина и тоа не е „зелено светло“ за новогодишните прослави како што е планирано“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО, на прес-конференција во Женева.

Според него, важно е да се запамети дека огромното мнозинство хоспитализирани и починати луѓе се невакцинирани, а не оние кои не ја примиле третата доза.

Експертскиот комитет на СЗО за политика за вакцинација (SAGE) наведува дека најмалку 126 земји веќе објавиле инструкции за примање „бустер“ доза и за дополнителна вакцинација (на пример, за деца), а 120 веќе започнале кампања во оваа насока.

Ова се претежно богати и земји со среден приход и „ниту една сиромашна земја сè уште не започнала програма за ревакцинација“, се вели во соопштението на SAGE објавено во средата попладне.

СЗО, исто така, објави дека засега нема доволно податоци за новата варијанта на коронавирусот, омикрон, за да се каже дали е позаразна од делтата.

„Оваа варијанта не циркулира доволно долго меѓу населението ширум светот“, рече техничкиот директор на СЗО за ковид-19 Марија ван Керхове.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This