дома Балкан ШЕФОТ НА СЛОВЕНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА ИЗЛЕЗЕ СО ДЕМАНТ: Нема да се повлекува признавањето...

ШЕФОТ НА СЛОВЕНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА ИЗЛЕЗЕ СО ДЕМАНТ: Нема да се повлекува признавањето на Косово!

Шефот на словенската дипломатија Миро Церар изјави дека Словенија нема да го повлече признавањето на Косово иако постојат „неколку отворени прашања на таа тема“.

Како и повеќето земји членки на Европската Унија, и Словенија го призна Косово уште во 2008 година, додека земјата претседаваше со ЕУ.

Словенскиот пратеник и потпретседател на Словенската национална партија, Јан Ивануш, неодамна изјави дека повлекувањето на признавањето на Косово е реален тек на настаните во Европската Унија и додаде дека новото раководство кое ќе дојде во мај, ќе го преиспита ова прашање.

Иваниш пред два дена во Белград на меѓународната конференција „Косово и Метохија во новата Европа“, истакна дека косовското прашање е важно поради новите струии кои се јавуваат во европската политика.