дома Македонија ШЕФОТ НА ХИРУРШКИОТ ТИМ НА ОСМИ СЕПТЕМВРИ РАБОТЕЛ 27 ЧАСА БЕЗ ОДМОР:...

ШЕФОТ НА ХИРУРШКИОТ ТИМ НА ОСМИ СЕПТЕМВРИ РАБОТЕЛ 27 ЧАСА БЕЗ ОДМОР: Сведоштво на Ридван Бајрами

Во попладневните часови добил повик од дежурната екипа дека се случила сообраќајна нecpеќа и дека ќе мора да се мобилизираат сите. Доктор Ридван Бајрами, ден по тешката сообраќајка кај Карпалак, во изјава за Канал 77 ја раскажува тешката ноќ помината во Градската општа болница „Осми септември“.

„За жал, вчера имавме голема сообраќајна нecpеќа. Се мобилизиравме целата екипа. Дополнително од дома, скоро 90 проценти беа за кратко време на работа“, раскажува доктор Бајрами од Одделот за дигестивна хирургја, сумирајќи ги впечатоците за долгата ноќ помината на неговото работно место, ден по сообраќајната нecpеќа која беше кобна за 14 лица. Во Болницата „Осми септември“ биле примени 37 пациенти, во моментот од нив, таму се 29. Првите пациенти кои биле примени имале тешки повреди на повеќе органи.

„Сите беа згрижени во нашата Болница, имаме четворица на интензивна нега. Другите се на Ортопедија и Трауматологија. По полноќ имавме една операција на пациентка со политpaума. Имаше внатрешно крвapење во абдоменот, влеговме во салата. Тоа е млада пациентка, која е сега стабилна“, вели доктор Бајрами, кој за време на дежурството бил шеф на хируршкиот тим. Работата е стресна, додава тој споделувајќи дека секојдневно имаат пациенти со тешки повреди, но тоа се поединечни случаи, за разлика од вчера кога целиот тим бил исправен пред предизвикот да спаси неколку десетици пациенти.

Контролата на стресот е исто така придружен елемент на оваа професија, од која, хирургот со кој разговаравме, е дел веќе 19 години. Вчерашната била една од ситуациите во кои на дојдените роднини и пријатели, треба да им се соопшти дека нивниот близок починал, па затоа и психолошкиот аспект според него, е исклучително важен.

Дел од патниците кои вчера патувале со автобусот на гостиварската компанија „Дурмо турс“ им подлегнаа на повредите, некои се пуштени на домашно лекување – меѓу нив и возачот на автобусот.