дома Занимливости Шехерезад и Онур повторно родители: Открија како ќе се вика ќеркичката

Шехерезад и Онур повторно родители: Открија како ќе се вика ќеркичката

Турската актерка Бергузар Корел позната како Шехерезад и нејзинот сопруг Халит Ергенчу познат како Онур, по два сина, сега очекуваат и девојче. Парот која оваа вест со своите обожователи ја сподели пред неколку месеци, не криеше колку се среќни поради ќеркичката која е на пат, а за која одбраа посебно име.

Шехерзад на својот Инстаграм сподели фотографија на која позира во костим за капење и се гледа трудничкото стомаче, па покажа како и изгледаат утрата за време на третата бременост. Во објавата откри и како ќе се вика ќерката која наскоро ќе пристигне.

-Утринско кафе со Леила, напиша трудницата.