дома Македонија ШЕЌЕРИНСКА ЗАГЛАВЕНА ВО КОРУПЦИЈА: Фирма спонзор на митинзите на Радмила Шеќеринска добила...

ШЕЌЕРИНСКА ЗАГЛАВЕНА ВО КОРУПЦИЈА: Фирма спонзор на митинзите на Радмила Шеќеринска добила тендер од 9,5 милиони евра за 11 возила Шкода

На прес конференција на ВМРО ДПМНЕ, изнесени се информации во врска со нови набавки во министерството за Одбрана, каде е министерка Радмила Шеќеринска. Пресот ви го пренесуваме комплетно:

„Уште еден нов скандал на криминалниот картел на Зоран Заев и на СДСМ. Криминалниот картел на чело со Зоран Заев повторно продолжува преку сомнителни тендери да испумпува милиони на сметки на фирми блиски до СДСМ. Министерството за одбрана на чело со Радмила Шекеринска распишува повик, а Делукс – Ауто од Куманово, инаку многу познат донатор на СДСМ во повеќе кампањи наназад го добива тендерот во висина од девет ипол милиони денари, при што набавени се 11 возила од марката Шкода.

Прашуваме како е можно Делукс – Ауто од Куманово, фирма која што не е генерален увозник на возилата од марката Шкода, туку само дилер од втора рака, се јавува како фирма која е поповолна од фирми кои што се генерални застапници на истите возила во Република Македонија?