дома Македонија ШЕЌЕРИНСКА ПАК СЕ ПИШМАНИ: Не очекува утре лидерите да разговараат за одложување...

ШЕЌЕРИНСКА ПАК СЕ ПИШМАНИ: Не очекува утре лидерите да разговараат за одложување на изборите

Ние сме подготвени да направиме се за да не дозволиме никаков ризик во поглед на нашето членство во НАТО. Како Влада ги дискутираме различните опции, не смееме како држава да си ставаме сопки, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, откако началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски го брифираше претседателот и врховен командант Стево Пендаровски, за состојбата со борбената готовност на Армијата изминатата година.

Таа потсети дека Собранието носи одлука за закажување предвремени парламентарни избори и таа одлука „не значи дека Собранието исчезнува“.

– Ние не смееме да направиме грешка и затоа прашањето на ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на нашиот Парламент е прашање кое не смее да биде дел ниту од партиските преговори, ниту препукувања, ниту партиски пазари. Тоа е приоритет над сите други – рече Шекеринска.

На новинарско прашање дали на утрешните средби на лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ има можност да се разговара за одложување на изборите, Шекеринска истакна дека не очекува такво нешто.

– Јас не очекувам в сабота да дискутираат околу одложување на изборите, туку напротив да дискутираат за она што е обврска, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ да предложи еден министер за кој и другите партии треба да дадат согласност – изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.