дома Uncategorized Шилегов го „заглавил“ град Скопје со преку 50 милиони евра, парите ги...

Шилегов го „заглавил“ град Скопје со преку 50 милиони евра, парите ги трошел во кафани

Градот Скопје е задолжен за повеќе од 50 милиони евра, откри денес на брифингот за новинари градоначалничката Данела Арсовска.

Како што информираше Арсовска, претходното градско раководство преку нетранспарентни постапки за јавни набавки, кредити и други трошоци направило долг во градот од повеќе од 50 милионин евра.

– Не сакам сега да објасннувам како е направен тој долг за да не шпекулираме со бројки тука, ќе ги добиете целосните извештаи од финансиската анализа во кои се гледаат причините за ова огромно задолжување на градот, рече Арсовска.

Претходно, градоначалнилчката на градот Скопје објасни дека ситуацијта во градот е навистина сериозна токму поради дологот кој го генерирал претходниот градоначалник, поради кој во овој момент градот нема доволно ликвидност за да побара ново кредитирање за реализирање на нови проекти во градот.

– Тој човек кој земаше плата од граѓаните на градот Скопје, беше доволно дрзок да не се појави пред нив да даде отчет за сработеното. Бидејќи нема ништо сработено. Нема отчет, но затоа има огромни суми потрошени во кафани, илјадници евра потрошени во кафани – рече Арсовска на брифингот за новинари.