дома Македонија ШИЛЕГОВ: ГТЦ доби зелен покрив

ШИЛЕГОВ: ГТЦ доби зелен покрив

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов со претставници од Градскиот Трговски Центар и Општина Центар денеска официјално го пушти во употреба зелениот покрив на ГТЦ.

На 1.800 квадратни метри на просторот што гледа кон Плоштадот Македонија засадени се 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници.

ПОоставени се и неколку фонтани и базени, монтажна бина, шаховско поле, кафуле, модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди…