дома Македонија ШИЛЕГОВ ИЗГУБИ: Осло прогласено за европска зелена престолнита за 2019

ШИЛЕГОВ ИЗГУБИ: Осло прогласено за европска зелена престолнита за 2019

Норвешкиот главен град  е прогласен за европска зелена престолнина за 2019 година, благодарение на напорите за намалување на емисиите на штетни гасови.

Меѓу причините за доделување на наградата која е востановена од Европската комисија, е пристапот на Осло кон зачувувањето на природата и реконструкцијата на мрежата на водени патишта.

„Луѓето сакаат чист воздух, сакаат пристап до природата и сакаат мир, дури и во центарот на градот“, рече Кармен Вела, европски комесар за животна средина, поморства и рибарство.

Осло објави дека до 2020 година ќе ги намали емисиите на гасови за 50 проценти во споредба со 1990 година.

Моника Мајленд, министер за локална самоуправа и модернизација, истакна дека електричните возила сочинуваат една третина од сите нови автомобили во Осло.

Сло ја презеде титулата на зелена престолнина од холандскиот Нијмеген.

Наградата зелена престолнина се доделува од 2010 година, а во 2016 година оваа титула ја освои главниот град на Словенија, Љубљана.