дома Македонија Шилегов им ја врачи наградата од 100 илјади евра на „црвено-црните“

Шилегов им ја врачи наградата од 100 илјади евра на „црвено-црните“

Вардарци завршија со посетите, последна станица беше кај градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој им ја врачи ветената награда од 100.000 евра за шампионската титула.

Шилегов вчера ги пречека ракометарите на европскиот и македонски првак, а Град Скопје беше задолжен за организација на дочекот на ракометарите на плоштад „Македонија“.