дома Македонија ШИЛЕГОВ: Ми викаат многу работиш, не ти чини пиарот, не знаеш да...

ШИЛЕГОВ: Ми викаат многу работиш, не ти чини пиарот, не знаеш да се фалиш

„На многу пат сме од пред две години. Успеавме полека, полека, чекор по чекор, Скопје да го претвориме во успешна приказна. Најдоброто допрва следува. Покажавме дека не беше залудна бробата за промени“. Со овие зборови, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, го почна говорот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на завршниот настан од караванот на СДСМ, наречен „На прав пат“.

Шилегов во говорот се пофали дека системски почнале да ги решаваат проблемите кои со години биле ставани под тепих.

За две години презедовме 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето. Инспекциите се засилени за загадувачите“, рече тој и додаде дека 13 од 23 средни училишта имаат енергетски фасади, Градот дал субвенции за оџачари, за набавка на инвертери, велосипеди, го обвновиле зеленилото во Градот, а градските улици и булевари се граделе побрзо и подобро од порано.

Ми викаат многу работиш, не ти чини пиарот, не знаеш да се фалиш. Ние не се фалиме, затоа што за нас тоа е редовна работа. Поважно од улиците, булеварите и објектите, Скопје се луѓето, Скопје е секој од нас што не е присутен во оваа сала, рече Шилегов и кажа дека нема да дозволат Скопје да се врати, во како што рече, црното минато.

Од февруари низ скопските улици ќе можат да се видат новите 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас, најави исто така скопскиот градоначалник.

Наместо набавки на скапи автобуси, на пат се 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас кои од следниот февруари ќе ги гледаме низ скопските улици, рече Шилегов, додавајќи дека се преземаат системски мерки и во делот на хигиената на градот, сообраќајот и аерозагадувањето.

Со новите еколошки автобуси се очекува годишно да се заштедат 25.000 евра за гориво, во споредба со двокатните кинески автобуси. Новите автобуси ќе имаат влијание и врз намалувањето на аерозагадувањето во градот бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ честички.

Промените денес се наша реалност. Многу подобра од претходната. Реалност за која вреди да продолжиме понатаму во истиот правец, сигурни како никогаш досега дека знаеме, умееме и можеме, сигурни дека сме на правиот пат, порача тој.

Градот убав има посебно место и во моето и во вашите срца. Најубав е кога е полн со луѓе исто како оваа сала која е претесна да ве собере сите вас кои безрезервно нè поддржувате последниве години, истакна Шилегов.

Токму вашето присуство во волкав број драги мои сограѓани, е најдобриот доказ дека сме на прав пат, дека е подобро од пред две години, кога со нашето Скопје управуваа луѓе без визија, без концепт, без компас, рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на трибината под мотото „На прав пат“ во Скопје.

При очи се прават слепи, при уши се прават глуви. Државата нема да падне во вашите црнила, рече скопскиот градоначалник Шилегов, на денешната трибина „На прав пат“ во спортската сала Борис Трајковски во Скопје.

Нема да дозволиме Скопје и Македонија да пропаднат во црното минато. Скопје продолжува напред, кон вистинскиот пат. Со ваша помош одиме напред. Заедно за Скопје, заедно за Македонија, Заедно за сите нас, рече Шилегов.

Претходно со скандирање „Зоки, Зоки“, присутните членови и симпатизери на СДСМ, го поздравија лидерот на партијата, Зоран Заев, кога влезе во спортската арена „Борис Трајковски“, по што следуваше интонирањето на химната. Присутните во салата по повикот на водителката ги кренаа картичките на кои пишуваше „На прав пат“, по што следуваше музичко-сценски перформанс.