Шилегов можен кандидат за нов министер за транспорт и врски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Името на екс-градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов е едно од можните имиња за нов Министер за транспорт и врски, дознава ТВ21 од партиските извори во СДСМ.

ТВ21 стапи во контакт со Петре Шилегов, но тој ниту ја потврди ниту ја демантираше ваквата вест.

Инаку в среда премиерот Зоран Заев својата оставка ќе ја депонира во Собранието, веднаш по годишното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Најдоцна до средината на јануари според најавите од Влада, Македонија треба да добие нова Влада на која најверојатно на чело ќе застане Димитар Ковачевски како премиер.

Инфомакс дознава дека Шилегов имал и амбиции да стане нов министер за внатрешни работи, но најверојатно Оливер Спасовски ќе остане еден од ретките министри кои ќе ја задржи својата позиција во владиниот кабинет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This