дома Политика Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари

– Градоначалникот на Град Скопје од СДСМ и кандидат за нов мандат Петре Шилегов денеска од скопските општини Сарај, Ѓорче Петров и Центар вети поддршка за реконструкција на автобуски постојки, водоводна и канализациска мрежа, реконструкција на улици…
– Во одржување и реконструкција на уличната мрежа во населените места Глумово, Кондово, Љубин, Крушопек, Сарај и Рашче заедно со реконструкцијата на автобуски постојки во Свиларе и Рашче преку ЈП „Улици и патишта“ инвестирани се околу 50 милиони денари. Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализациската мрежа во висина од 5 милиони денари. Го реконструиравме средното училиште Сарај, а дополнително ја опремивме и новата спортска сала на ова училиште, посочи Шилегов во обраќањето пред граѓаните на Сарај.
Пред жителите на „Ѓорче Петров“ потсети дека дека сите главни сообраќајни артерии се реконструирани.
-Улиците „Ѓорче Петров“ и 4 јули ги реконструиравме, а реконструкцијата на „Лука Геров“ која е во тек ќе биде завршена до крајот на годинава. Во изградба и подобрување на водоводната и канализациската мрежа на Ѓорче Петров имаме вложено над 36 милиони денари. Во тек е целосна реконструкција на училиштето Кочо Рацин во вредност од над 52 милиони денари, а обезбедивме и прочистувачи за воздух во секоја училница. Подигнавме над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани зелени површини со над 1000 нови садници, нагласи Шилегов.
Во Центар пак рече дека се реконструирани булеварите „Димитрија Чуповски“, 11 октомври, „Кочо Рацин“, „Крсте Петков Мисирков“, како и улиците „Лазар Личеновски“, Бихаќка, Црниче, „Никола Карев“ (кај Железничка) и „Васил Ѓоргов“.
-Пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Новиот парк Ибни Пајко и двата нови зелени покриви, оној на ГТЦ и оној на Домот на градежници, како и новиот памптрак полигон кај Олимписки, се наоѓаат на територија на Центар. Само во Центар подигнати се над 53.700 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 5.200 садници. Го реконструиравме Кејот 13 Ноември и плочникот на влезот на ГТЦ од страната на Плоштад. Во тек е реконструкцијата на Универзална сала, а наскоро почнуваме и со реконструкции на булеварите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Ги реконструиравме гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, како и средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“. Обезбедивме прочистувачи за воздух за секоја училница, изјави Шилегов, набројувајќи ги реализираните проекти во Општина Центар.
Порача дека е многу важно да се излезе на 17 октомври и да се избере континуитет за европско, уредно и зелено Скопје