Град Скопје поднел барање до Општина Центар за преземање на одржувањето и на сопственоста на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.
За мене како човек и како политичар, проектот „Скопје 2014“ е неприфатлив затоа што е ментална контаминација на скопјани, особено на младите генерации. Затоа што зборуваме за град што никогаш не бил ваков и нема ваква традиција како што некој вештачки се обиде да ја наметне, изјави денеска градоначалникот Петре Шилегов.
„Побарав од Општина Центар да ја предаде, покрај одржувањето и сопственоста, за да можеме ние да влеземе потоа во дислокација на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.
Барањето е поднесено, ги испитуваме законските можности, имајќи предвид дека станува збор за предизборие, дали може Советите да донесат такви одлуки и прифаќање на таква обврска“, рече Шилегов.
Градоначалникот додаде дека изборите ќе поминат за еден месец и тоа, како што рече, ќе го реализираме во секој случај.