дома Македонија ШИЛЕГОВ СО НАВРЕДИ ДО ИВАНОВ И НАРОДОТ: Не благодарам, ќе го заобиколам!

ШИЛЕГОВ СО НАВРЕДИ ДО ИВАНОВ И НАРОДОТ: Не благодарам, ќе го заобиколам!

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на Фејсбук го искажа своето видување на вчерашнпто чествување на Илинден на Мечкин Камен.

„Се надевам дека Иванов ги слушна „повиците“ на неговите следбеници денес на Мечкин Камен.

Ако е таква „неговата“ Македонија, тогаш, не. Благодарам. И ќе го заобиколувам.

Тоа не е мојата, нашата, ако сакате и илинденската и асномска Македонија. Тоа е фашистичка Македонија.

На тој пат, господине Иванов, одете сами. Со таа „шака јада“ околу Вас.

А ние ?

Ние „ладно“ ќе Ве заобиколиме. И ќе ја исправиме Македонија на вистинскиот пат. На извесна и подобра, европска иднина.

Збогум „заобиколен““, напиша Петре Шилегов, градоначалник на Скопје од СДСМ