дома Локално ШИЛЕГОВ ЈА ПРЕЗЕДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА: Градската каса полна со 834 милиони денари

ШИЛЕГОВ ЈА ПРЕЗЕДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА: Градската каса полна со 834 милиони денари

Стариот градски татко Трајановски, задоволен од сработеното и од оставените 834 милиони денари во градската каса. Новиот градоначалник Шилегов најави старт на работата со итни мерки за борба против загадувањето на воздухот.

Примопредавање на функцијата градоначалник на Скопје. Стариот градски татко Трајановски, задоволен од сработеното и од оставените 834 милиони денари во градската каса. Новиот градоначалник Шилегов најави старт на работата со итни мерки за борба против загадувањето на воздухот.

„Ќе работиме во интерес на сите граѓани без разлика на нивното место на живеење, нивната етничка или партиска припадност“, истакна Шилегов, додавајќи дека сите одлуки ќе се носат заедно со граѓаните, граѓанските здруженија и стручната јавност.

„Ќе не сликате, па малку ќе не оставите насамо, во ред?“, праша новиот градоначалник. Потоа Трајановски му предаде список на задачи, и останаа сами во кабинетот половина час.Д

Досегашниот градоначалник Трајановски посочи дека во изминатите осум години се реализирани низа проекти, консолидирани и финансиски стабилни се јавните претприатија, а во касата на Градот остануваат 834 милиони денари. Му посака на новиот градоначалник успешна реализација на сите проекти од изборната програма и искористување на постоечките капацитети на државните службеници кои работат во Град Скопје.