Шилегов ќе се повлeчe од гpaдоначалничката трка?: ВМPO-ДПМHE многу блиску до мнозинcтво во Советот на Град Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот на СДСМ за градоначалничката функција на Скопје, Петре Шилегов, размислувал да се повлече од изборната трка, велат за НетПрес извори од владејачката партија.

Тие брифираат дека Шилегов наводно бил многу разочаран од големиот број на изгубени гласови, во однос на претходните локални избори, па затоа бил на мисла да се повлече. Ваквите информации, изворите од СДСМ, ги поткрепуваат и со тоа дека од неделата до сега, Шилегов премногу пасивно се однесувал во изборната кампањата.

Од друга страна, пак, партиски извори од ВМРО ДПМНЕ, брифираат дека партијата е многу блиску до формирање мнозинство во Советот на град Скопје. ВМРО ДПМНЕ освои 18 советнички места, а за мнозинство им недостасуваат уште 5. Засега од партијата не откриваат со кои 5 советници на чекор до договор за формирање мнозинство скопскиот Совет.

Извор: Нетпрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This