дома Македонија Шилeгов најави отворање на проект на Гpyeвски: Гoтoв уште еден мocт од...

Шилeгов најави отворање на проект на Гpyeвски: Гoтoв уште еден мocт од пpoeктот Скoпje 2014

Екипите на Град Скопје почнаа да го расчистуваат кејот на реката Вардар околу новиот пешачки мост кај зградата на Македонскиот народен театар.

Овој дел од кејот скоро 8 години не беше прооден за пешаци и за велосипедисти поради градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на „Панорамското тркало“. Изградбата на мостот е готова, „Панорамско тркало“ нема, а сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат.

Од овој потег досега се подигнати 27 кубни метри градежен материјал. Чистењето ќе продолжи и во наредните денови.

Започнуваме со расчистување и подготовка за конечно отварање на кејот, после повеќегодишната непроодност заради изградба на мостот на “Панорамското тркало”.

Мостот е готов, тркало ќе нема, кејот конечно прооден, напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов на фејсбук.