дома Локално ШИРОК СОКАК ПРЕТЕСЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ: Македонски знамиња развиорени во Битола

ШИРОК СОКАК ПРЕТЕСЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ: Македонски знамиња развиорени во Битола

Бараат одржување на нови предвремени парламентарни избори.

Граѓаните на Битола и вечерва повторно излегоа на Широк сокак за да ја дадат својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која бара одржување на нови предвремени парламентарни избори за излез од кризата и отфрлање на тиранската платформа.

Широк сокак беше претесен да ги собере граѓаните кои развиорија македонски знамиња и во еден глас пееја патриотски песни.