дома Македонија Шокантно: Не знаат колку граѓани примиле помош во очи на новата година

Шокантно: Не знаат колку граѓани примиле помош во очи на новата година

Владата одлучи да дава еднократна помош на граѓаните по 6000 денари на секој граѓанин на Република Македонија поединечно на трансакциона сметка.

И покрај апелите за разбирање од страна на деловните банки, портпаролите на Владата на новинарско прашање немаа никаква информација колку граѓани до сега примиле помош и на колку граѓани извршителите имаат земено средства и покрај најавите од Владата дека извршителите нема да да можат овие средства да ги извршуваат односно земаат од трансакционите сметки.

Да потсетиме се работи за вкупна сума од 27 милиони евра наменети за еднократна помош на граѓаните на Република Македонија за да се намалат последиците од пандемијата на коронавирусот.