дома Спорт ШОК ВО ИТАЛИЈА: На терен ненадејно почина 30-годишна одбојкарка

ШОК ВО ИТАЛИЈА: На терен ненадејно почина 30-годишна одбојкарка

Шок во Италија, одбојкарката Мартина Хаубер почина ненадејно на 30 години и тоа на терен.

Трагедијата се случила ден по католичкиот Божиќ, а смртта на младата Мартина позната по одбојката на песок, ги остави нејзините колеги и пријатели во шок. Таа дошла на тренинг, а потоа одеднаш и се слошило и паднала. Повеќе не давала знаци на живот.

Лекарите веднаш пристигнале и се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.

-Почивај во ми Мартина, беше заљубена во спортот и ракометот. Сега рајот има еден ангел повеќе, напишаа од клубот.