дома Сцена ШОК ЗА КАРЛЕУША: Британски медиум ја претстави како руска пин-ап девојка!

ШОК ЗА КАРЛЕУША: Британски медиум ја претстави како руска пин-ап девојка!

Откако светски се прослави по копирањето на изгледот со Ким Кардашиан, овојпат еден британски медиум реши да ја претстави во поинакво светло.

Јелена Карлеуша има нов проблем. Таа пред неколку денови на социјалната мрежа Фејсбук објави наслов од британскиот „The Sun“ кој во наслов пејачката ја имаше опишано руска пин – ап девојка, која ја копира Кајли (претпоставуваме дека мислат на Кајли Џенер).

Покрај тоа што го сподели насловот, пејачката во описот напиша дека не е Русинка, уште помалку дека не е пин – ап девојка и дека не и е гајле за Кајли.

Карлеуша доби голема поддршка од своите обожаватели, а сега за сега не знаеме дали некои од челните лица на британскиот медиум и се извинил за погрешното претставување.

Извор: Вистина.мк