дома Спорт ШОK: Почина екс НБА ѕвездата на само 39 години

ШОK: Почина екс НБА ѕвездата на само 39 години

Од САД, поточно Илиноис ни пристигнаа тажни вести кои информираат дека вчера попладне на само 39 години починал екс НБА кошаркарот Роберт Арчибалд.

Станува збор за првиот играч од Шкоткса кој настапуваше во НБА лигата каде што во период од 2002 до 2004 година играше за Менфис, Феникс, Торонто и Орландо.

Во Европа беше дел од шпанските Валенсија, Хувентуд, Уникаха Малага и Сарагоза. Го носеше дресот и на Скаволино во Италија и Азовмаш во Украина.

Беше дел и од селекцијата на Велика Британија, а има играно и во дуелите против Македонија. Тој живеел во предградие на Чикаго каде и што починал но засега нема повеќе информации од што.