дома Европа Шпанија вoвeдyвa чeтиpиднeвнa paбoтнa нeдeлa?

Шпанија вoвeдyвa чeтиpиднeвнa paбoтнa нeдeлa?

© Flickr/ nene9

Шпанската влада разгледува можност за воведување четиридневна работна недела, односно скреатено работно време, за да не дојде до пад на вработеноста.

Лидерот на левичарската партија „Унидас Помедос“, Пабло Иглесијас, изјави дека владата го разгледува предлогот за скратени работни часови за да го поттикне вработувањето.

Идејата за покуса работна недела може со години да се слуша ширум светот, но пандемијата на коронавирус и нејзиното влијание врз вработувањето поттикна многумина да размислуваат за економијата и општествените структури, пишува американската агенција „Bloomberg“.

Многу фирми за време на пандемијата ги испратија вработените на принуден одмор, а некои ги отпуштија вработените.

Предлогот за промени на работната недела во Шпанија, владата ќе го претстави во рамки на социјалниот дијалог со синдикатите и здруженијата на работодавци.