дома Актуелно Шпанска серија на Твитер: Руската амбасада потврди дека го шири своето влијание...

Шпанска серија на Твитер: Руската амбасада потврди дека го шири своето влијание во Македонија со „ПИHГВИНИ“ – се налепи и Џамбаски

Министерството за надворешни работи, во вторникот одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Македонија, информира МНР.

– Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на С. Македонија во рок од седум дена – велат од МНР.

По ваквата одлука на македонските власти вистинска драма се случуваше на социјалната мрежа Твитер каде руската амбасада прифати дека го шири своето руско влијание во Македонија, но со пингвини.

-Русија продолжува да го шири своето влијание на Балканот. На 15 мај, 6 Хумболтови пингвини од зоолошката во Москва беа испратени во зоолошката градина во Скопје. Таму ќе се сретнат со пингвини од Италија и – се надеваме- ќе станат основа на нова популациja, пишуваат од руската амбасада на Твитер.

Имено Московската зоолошка градина потврди дека 6 Хумболтови пингвини ќе пристигнат како донација во зоолошката градина во Скопје, со што како што се мајтапат од амбасадата ќе се прошири руското влијание на Балканот.

На ироничниот пост на амбасадата се залепи бугарскиот европтратеник Ангел Џамбаски чија опседнатост со Македонија е евидентна па во една вест успеа да ги поврзе Сталин, Пингвините и измислувањето на Македонска нација.

-Браво, вкрстувањето на пингвините е вистинска геополитичка вест, така ‘се шири влијание на Балканот’. Така со баќушка Сталин ја направивте и македонската нација – преку вкрстување политички амеби, српска шајкача и чизма со петокрака. А да, и со геноцид над Бугарите во Македонија“, напиша Џамбаски.

ПС: Нели вика Тито не измислил од каде сега Сталин…Пишман аџии