дома Локално ШТАНЦАЈ ПЕТРЕ ИДАТ ИЗБОРИ: Град Скопје вработува 25 државни службеници

ШТАНЦАЈ ПЕТРЕ ИДАТ ИЗБОРИ: Град Скопје вработува 25 државни службеници

Нов бран вработувања во локалната власт. Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 25 државни службеници во Град Скопје.

Се бараат кандидати за раководители, советници, референти и соработници. Платите во зависност од работното место се движат од 15.663 денари до 28.277 денари.

И покрај негодувањата на советниците од опоицијата во Советот на Град Скопје кои обелоденија дека во секое Јавно претпријатие се трупаат партиски послушници над предвиденото, Шилегов продолжува во исполнување на партиските агенди и масовно вработуваат партиски кадри во пресрет на Претседателските и евентуални предвремени парламентарни избори.