дома Спорт Штербик е аут, ама во Келн доаѓа 17-годишник од два метра и...

Штербик е аут, ама во Келн доаѓа 17-годишник од два метра и 105 кг

Тренерите на Вардар и Веспрем ги објавија составите на екипите кои ќе играат вечерва на финалниот натпревар во Лигата на Шампионите. По повредата на зглобот во играта против Киелце, Арпад Штербик дефинитивно нема да игра против неговиот поранешен клуб.

Од Веспрем мораа да го повикаат 17-годишниот Криштоф Паласич да се подготви да допатува во Келн. Станува збор за голман од младинскиот тим, кој има одлични физички предиспозиции. Висок е 200 цм, а тежок 105 кг.