Штипската бoлницa пред koлaпс, останати само два cлободни кревети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во штипскиот ковид-центар од денеска има само два слободни болнички кревети. Директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеорѓијев вели дека исполнети се 66 кревети, а од денеска повторно во функција е ставено и Кожното одделение, во кое ќе се префрлаат пациентите, кои се пред да заминат од болница и се со полесна здравствена состојба.

-Пред три дена имавме преполовен болнички капацитет, но еве за овие два до три дена повторно се наполни ковид-центарот со пациенти со тешка клиничка слика од источниот регион, а секако имаме и пациенти од Штип. Во функција од денеска го ставивме Кожното одделение, а на Интензивна нега, односно на Анестезиологија постојано ни се полни четирите болнички кревети, изјави Ѓеорѓијев.

Тој апелира граѓаните да ги почитуваат мерките.

-Побаравме и кочанската болница да ги третира пациентите и да ги хоспитализира во нивните капацитети. Таму веќе е и отврена модуларната болница, вели Ѓеорѓијев.

Пациентите се на различна возраст, имаат млади, но доминираат оние од повозрасната популација, а 37 пациенти им се на постојана кислородна поддршка. Ѓеорѓијев очекува за една недела да се отвори новата модуларна болница.

-Таму ќе имаме 47 болнички кревети, централниот довод е поставен, но изминатите три дена временските услови не дозволија да имаме градежни активности надвор и да се постави станицата за централен довод. Пожелно е и очекувам да ја пуштиме за една недела модуларната болница, рече Ѓеорѓијев.

Во штипскиот ковид-центар ангажирани се над 50 лекари, медицински сестри, техничари, болничари и хигиеничари. Што се однесува за останатите одделенија, во моментов имаат шест лекари, сестри и болничари кои се заразени или се во изолација. На Одделението за физикална терапија за состојбата на пациентите се грижат медицинските сестри, еден општ лекар, а доаѓа и специјалист од Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This