дома Локално Штипјани одлучно порачуваат> НЕ за Тиранската платформа

Штипјани одлучно порачуваат> НЕ за Тиранската платформа

Граѓаните на Штип денеска повторно излегоа на улиците за да дадат поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која веќе 53 дена протестира против Тиранската платформа.

Штипјани порачаа дека нема да дозволат да се наметне Тиранската платформа, да се воведе двојазичност на цела територија на државата.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва протестира во повеќе од 40 градови и населени места.