Што да прави народот кога Западот станува анти-западен?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Можеби некој ќе ме нарече анти-западен, русофил, анти-нато или анти-еу, но јас сум пораснат со американски филмови со американски и англиски рок, панк и метал.

Англиски имав петка на матура, македонски четворка. Руски знам само два три збора кои сум ги научил играјќи американски игри на источни сервери ради добар пинг.

Ако искрено ме прашате не навивам за целосен распад на сегашниот светски поредок бидејќи се залагам за слободарските, хуманистички и пред се христијански принципи и морални вредности на кој тој се базира, но одамна ги заборавија.

Ама не е до мене „анти-западниот“, Западот сам се уништува бавејќи се со вакви идиотски и небитни, несуштински проблеми отфрлајќи ги основните принципи кои сме ги научиле од библијата. Буквално целата идеологија која ние денес ја нарекуваме демократија се заснова на тие христијански принципи кои ги создале најздравите и најнапредните општества во историјата.

И додека во Брисел се занимаваат како да го направат Божиќ по инклузивен, како да ја исфилуваат македонската историја по терк на Бугарите и како да ги обвинат Русите дека ќе ја нападнат Украина, Марс и Јупитер, Кинезите градат поморска база во Африка од каде планираат да го запоседнат целиот Пацифик.

Да Русија не е проблемот, Русија е решението, а Западната цивилизација треба да почнува во Вашингтон, а да завршува во Владивосток.

Американскиот век е при крај бидејќи сами со декаденција, корупција и бавење со тривиални проблеми како некакво си ропство од пред 150 години си ја уништија хегемонијата.

Ако работите продолжат вака да се движат ни следува кинески век… И баш тие ќе ни го **** векот…

Замислете Ковид сертификати и помножете по илјада. Колку за пример во Кина доколку зборите со човек кој е прогласен за непријател на државата, човек кој да кажеме го опцул Си Џинпинг губите социјални кредити и доколку истите ви паднат на доволно ниско ниво нема да можете да се возите во автобус. Што мислите дека Западот со вакциналните сертификати измисли топла вода.

Што да прави народот кога Западот станува анти-западен, кажи Коки мајкин син?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This