Што досега знаеме за новиот опасен вид на коронавирусот? Еве како ќе се вика, постои опасност да го покори светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата варијанта на коронавирусот има голем број на мутации и се стравува дека е многу пренослива, но и дека има голем потенцијал да избегне имунитет стекнат со вакцинација.

Новиот вид е откриен во Јужна Африка, поради што СЗО ќе се сретне и ќе го оцени сојот и дали ќе ја означи варијантата Б.1.1.529 како онаа што треба да се следи и да се смета за „загрижувачка“, поради големиот број на мутации.

Дали постои закана дека овој вид е посмртоносен?

Истражувачите се обидуваат да најдат одговор на ова прашање. СЗО ги анализира информациите за да одлучи дали оваа варијанта може да се карактеризира како „сој за загриженост“. Меѓутоа, забележан е голем број на мутации кои би можело да бидат пречка за вакциналниот имунитет од Ковид-19.

На Б.1.1.529, беа забележани 50 мутации, а 30 беа пронајдени на спајк протеинот. Повеќето од вакцините за коронавирус што се користат го таргетираат спајк протеинот, бидејќи вирусот го користи за да добие поголем пристап до клетките на нашето тело.

Варијантата, која СЗО најверојатно ќе ја именува како „НУ“ во наредните денови, предизвика големо зголемување на бројот на заразени случаи во Јужна Африка, а беше откриена и во Боцвана и Хонг Конг, меѓу патниците од Јужна Африка.

Покрај тоа, луѓето заразени со новата варијанта имале посериозни симптоми, а се стравува дека овој вид е поопасен од варијантата делта.

Научниците од Јужна Африка вчера објавија дека откриле нова варијанта на коронавирусот со голем број мутации, обвинувајќи ја за зголемувањето на бројот на заразени лица. Бројот на дневни инфекции во најтешко погодената земја во Африка е зголемен за 10 пати од почетокот на овој месец.

– Првите наоди на новата варијанта покажуваат дека таа има голем број мутации кои бараат и ќе бидат подложени на понатамошно проучување – изјавија претставници на СЗО.

Израел денеска објави дека идентификувал случај на варијанта на ковид-19 со голем број мутации, кој првпат беше откриен во Јужна Африка. Израелското Министерство за здравство денеска соопшти:

– Варијанта откриена во јужноафриканските земји е идентификувана во Израел кај лице кое се вратило од Малави, а уште два случаи, лица кои се враќале од странство, се ставени во карантин.

Загриженост за ефектот на вакцината

Д-р Марија Ван Керхове, технички директор на СЗО за Ковид 19, рече дека „сè уште не се знае многу за новата варијанта на вирусот“.

– Она што го знаеме е дека оваа варијанта има голем број на мутации. И постои загриженост бидејќи кога имате толку многу мутации, тоа може да влијае на тоа како се однесува вирусот – истакна д-р Керхове.

Епидемиолозите, специјалисти за заразни болести, најавија дека ќе истражат „од каде потекнуваат овие мутации и што потенцијално би можеле да значат“ во однос на тоа дали се повеќе преносливи или имаат потенцијал да избегнат имунитет, односно заштита од вакцината против Ковид 19.

Извори од британската државна служба оценија дека новата варијанта, за која се стравува дека е пренослива и дека има потенцијал да го избегне имунитетот, претставува „потенцијална значајна закана за програмата за вакцинација која мора да се заштити по секоја цена“.

Некои здравствени службеници сметаат дека ова е најзначајната варијанта што сме ја сретнале досега и во тек е итно истражување за да се дознае повеќе за преносливоста, сериозноста и чувствителноста на вакцината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This